Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска се среќаваат во Луксембург, а во фокусот на разговорите на редовниот априлски Совет на ЕУ и овојпат ќе биде Украина, а шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел предупреди дека се очекува нова офанзива на Донбас, но и глобална криза кога станува збор за енергија и храна.
„Се плашам дека руските трупи ќе бидат концентрирани на исток за да извршат напад на Донбас. Украинците се свесни за тоа. Се плашам дека воените дејства во Донбас ќе се интензивираат во наредните денови“, вели Борељ.
Доаѓајќи на состанокот на Советот на ЕУ, Борел најави дека министрите ќе разговараат со генералниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан и со украинската обвинителка Ирина Венедиктовна за собирање докази за воени злосторства извршени на територијата на Украина, а ќе се разгледа и предлогот на шефицата на дипломатијата на ЕУ да се издвојат дополнителни 500 милиони евра од мировниот инструмент на ЕУ за вооружување на украинската армија.
Одговарајќи на прашањето дали ЕУ е подготвена да го разгледа руското нафтено ембарго како одговор на руската воена операција во Украина, Борел истакна дека „санкциите се секогаш на маса“.