149
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска изјави дека е задоволен од договорот за регистарските таблички што беше постигнат вчера во Брисел, бидејќи ќе помогне да се надмине кризата и дека сега во фокусот на разговорот ќе може да се префрли на „нормализација на односите меѓу Белград и Приштина“.
„Вчера, кога слетав во Барселона, можев да споделам дека договорот е постигнат благодарение на посредништвото на ЕУ и мојот претставник кој ги предводеше разговорите“, рече Борел на прес-конференцијата по седмиот Регионален форум на Унијата за Медитеранот.
Тој посочува дека Белград и Приштина го прифатиле предлогот што ќе помогне да се надмине кризата.