347
Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, денеска во Брисел изјави дека на министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот на Советот на ЕУ ќе им се придружат и министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан.
„Денеска, министрите ќе седнат во Советот за надворешни работи за да разговараат со нас за ситуацијата на Западен Балкан – кој е силно погоден од економската криза“, рече Борел, доаѓајќи од состанокот на Советот на ЕУ.
Тој наведе дека дискусијата на состанокот на Советот на ЕУ за ситуацијата на Западен Балкан е начин ЕУ да покаже колку е важен Западен Балкан.