Борел „згрозен“ од потег на Израел

од Stefanija Kuzmanovska
217 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, објави дека е „згрозен“ од потегот на Израел кој одвои нови средства за изградба на „дополнителни нелегални населби“ на Западниот Брег за време на војната.

Тој наведе дека таквиот потег на Израел нема никаква врска со самоодбраната и безбедноста на земјата.

„Израел среде војна издвојува средства за изградба на нови нелегални населби. Тоа нема никаква врска со самоодбраната и Израел нема да биде побезбеден поради тоа“, напиша Борел на платформата Х.

Тој нагласи дека изградбата на населби претставува сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право.

Слични содржини