Борис Џонсон: Бев на ивица на смртта, а потоа помислив на неродениот син

од Aleksandar Petrovski
168 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон изјавил дека стравот да не го види синот кој требало да се роди му давало сила да го победи коронавирусот.

Џонсон во интервју за британски „Сан“ рекол дека тоа му дало поттик за да се бори со негативните мисли и најтешките моменти на интензивна нега.

„Едноставно одбив да мислам на тоа“, рекол Џонсон и навел дека додека лежел поврзан на монитори, се фокусирал само на позитивни мисли.

Запрашан дали се плашел дека никогаш нема да го види синот, кој во меѓувреме се роди, Џонсон одговорил потврдно.

„Имам уште многу причини за да живеам, работи да ги одработам и нема да кријам од вас, размислував за тоа“ рекол британскиот премиер.

Три недели откако се избори со коронаворусот се вратил во болницата за да присуствува на раѓањето на неговиот син  кој го доби името Вилфред Лори Николас, а средното име Николас е во чест на докторите  Николас Прајс и Николас Харт кои му  го спасиле животот на интензивна нега.