Борис Џонсон доби син: Се породи вереницата на британскиот премиер

од Aleksandar Petrovski
233 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата вереница објавија дека станале родители на здраво момче.

Кери се породи рано утрово во болница во Лондон. Портпаролот на парот, на кој е ова прво заедничко дете, рече дека и мајката и бебето се добри, пренесе „Сан“.

-Премиерот и г-ѓа Симонс се одушевени со раѓањето на здраво момче“, рече тој, додавајќи дека парот би сакал да се заблагодари на „фантастичниот тим“ на болницата.