145
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека сега на Европската Унија останува да одлучи за одложувањето на Брегзит.
-Во овој момент, како што знаете, ЕУ треба да одлучи дали ќе ни одобри или ќе го одложи нашето заминување. Како што стојат работите, ние можеме да ја напуштиме на 31 октомври, рече Џонсон, пренесен од британските медиуми. Тој, сепак, вели дека Велика Британија треба да го напушти европскиот блок на 31 октомври.
-Ние треба да си заминеме на 31 октомври, истакна Џонсон.
„Секако, 31 октомври е се уште можен, ние можеме да си заминеме на 31 октомври, но, за жал, тоа зависи од тоа што ЕУ ќе каже, додаде тој.