Борис Џонсон го прекрши правилото: Стана колумнист во Daily Telegraph

од desk2
90 прегледи

Поранешниот британски министер за надворешни работи, Борис Џонсон, стана нов колумнист на магазинот Daily Telegraph, со што го прекрши правилото, поврзано за тоа колку бргу министрите можат да се вработат во приватен сектор, по заминување од функција.

Џонсон не побара ниту дозвола од Советодавната комисија за вработување, за прифаќање на работата во Daily Telegraph.

Тој си поднесе оставка на 9 јули, после две години поминати на позицијата министер за надворешни работи на Велика Британија.

Неговата прва колумна е објавена на 16 јули, иако според правилата на Комисијата, предвидено е да чека три месеци и да добие дозвола од ова тело, пред да преземе која било друга позиција.

Овие правила постојат со цел да се спречи можноста, министрите да ги искористат сознанијата за актуелните државни работи, па тоа да го применат за остварување на профит во приватниот сектор.

Како и да е, мали се шансите Џонсон да се соочи со сериозни последици, бидејќи Комисијата има минимални овластувања за казнување на политичари.