Борис Џонсон со сопругата на меден месец во Словенија

од Nikola Popovski

Британскиот премиер во заминување Борис Џонсон е на краток приватен одмор во Словенија, потврдија за агенцијата СТА од кабинетот на премиерот Роберт Голоб.

Џонсон е на задоцнет меден месец со неговата сопруга Кери.

Даунинг стрит не сакаше да објави каде Џонсон ќе оди на одмор оваа недела, но британските медиуми открија дека парот е на приватно патување во Словенија.

Според словенечките медиуми тие треба да бидат во Језерско.

Џонсон поднесе оставка како премиер по серијата министерски оставки во јули оваа година.

Борис и Кери Џонсон се венчаа во мај минатата година, две години по нивната веридба.

56-годишниот премиер во заминување и 33-годишната поранешна портпаролка на Конзервативната партија се венчаа во тајност, а големата прослава се одржа пред само неколку дена, поради пандемијата на коронавирус.

Слични содржини