Борис Џонсон им се извини на жртвите на пандемијата пред судот: Го дочекаа гневни демонстранти

од Stefanija Kuzmanovska
272 прегледи

На денешното рочиште во истражната постапка за прекршување на правилата воведени за време на пандемијата на коронавирусот, поранешниот британски премиер, кој требаше да се појави пред судот како сведок, даде заклетва и веднаш почна со сведочењето.

Но, веднаш беше прекинат поради предупредување од судскиот совет упатено до неколку демонстранти во публиката дека ќе бидат отстранети поради дофрлувања, пренесува Sky News.

„Ве молам, седнете. Ве молам седнете или, се плашам, ќе треба да ја напуштите судницата“, предупреди судскиот совет, а само неколку моменти подоцна обезбедувањето изведе четири лица надвор од судницата.

Џонсон, кој дојде во судницата три часа пред почетокот на судењето, потоа го продолжи сведочењето, велејќи дека ги разбира чувствата на семејствата на жртвите и длабоко жали поради нив.

Еден од набљудувачите на судењето кои протестираа против Џонсон држеше натпис „Мртвите не можат да ги слушнат вашите извинувања“, што го направило поранешниот британски премиер видно нервозен.

Џонсон, меѓу другото, рече дека е „благодарен“ на здравствените работници и државните службеници кои помогнаа да се заштити земјата за време на пандемијата, изразувајќи уверување дека истрагата ќе даде одговори на многу тешките прашања поставени од семејствата на жртвите од коронавирусот.

На прашањето на главниот истражител Хуго Кејт дали Џонсон верува дека заболените од ковид-19 и ожалостените семејства „имаат право на целосна и ригорозна истрага“ за неговите постапки, поранешниот премиер одговори „да, се разбира“.

Британските медиуми непосредно пред почетокот на истражниот процес против Џонсон објавија дека поранешниот премиер ќе изјави дека Крис Вити, главниот медицински службеник во неговата влада, постојано го предупредувал за ризиците од предвремено воведување мерки за изолација поради загриженоста дека луѓето би се умориле од ограничувањата и би ги прекршил правилата, пренесе „Тајмс“.

Вити, наводно, му дал строги предупредувања на Џонсон на 28 февруари 2020 година за ризиците од воведување предвремена изолација за време на состанокот на владата.

Тој тогаш рекол дека предвременото воведување на изолација ќе има лош ефект врз училишните деца, економијата, менталното здравје и животните шанси на луѓето, пишува лондонскиот весник.

Одлуката на Џонсон да го одложи воведувањето на заклучување поради пандемијата на коронавирус до 23 март 2020 година најверојатно ќе биде предмет на интензивна контрола во текот на истрагата.

Слични содржини