32
Собранието на денешната седница донесе одлука за новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК), по промената на власта во земјава.
Претседател сега ќе биде Борис Кондарко, кој веќе беше дел од ДИК, додека за потпретседател е избран Абдуш Демири од Движењето Беса.
Меѓу членовите на ДИК остануваат досегашниот претседател Александар Даштевски, Дитмире Шеху и Оливер Ристевски.
Собранието донесе и одлука за распишување на конкурс за двајца нови членови на ДИК.
Инаку Кондарко беше на чело на ДИК во 2011. На 18 октомври 2013 година поднесе оставка од лични причини.