Бориславова по вонредниот коалициски совет: За С.Македонија делуваме обединето

од Берта Китинска
219 прегледи

Коалицијата имаше многу конструктивен дијалог на темата Република Северна Македонија, го потврди ветувањето што го дадовме дека оваа тема нужно ќе помине низ Народното собрание. Дотогаш ќе ги оставиме дипломатите на МНР кои го бранат бугарскиот интерес.

Ова го изјави шефицата на кабинетот Лена Бориславова по состанокот на коалицискиот совет што се одржа вечерва во Советот на министри, пишува БГНЕС.

„Ова нема да биде влада која ќе го предаде националниот интерес. Кога ќе имаме одлука и извештај на МНР кое известува за напредокот на бугарската позиција, ќе имаме предлог до Народното собрание. Во оваа фаза не сме таму“, додаде Бориславова.

Слични содржини