Очигледно прашањето за бугарското малцинство во Македонија е главната пречка за ветото од Софија, барем како што најавува Лена Бориславова, шефица на кабинетот на премиерот Кирил Петков и владина портпаролка.
-Бугарија ќе ја тргне блокадата за почеток на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ, откако Скопје уставно ќе ги гарантира правата на Бугарите на своја територија, изјави Бориславова одговарајќи на новинарско прашањ, објави „БНР“.
Таа меѓу другото зборувала и за руско-украинските тензии.
-Анализите со НАТО и сојузниците од ЕУ покажуваат дека Европа не се подготвува за војна. Европа е свесна дека мора да има решителен дијалог со Русија за да работи на деескалација на тензиите, појаснила портпаролката додавајќи:
-Не ни се заканува опасност да останеме без греење оваа зима. Владата има детален план како да дејствува“, рече Бориславова, коментирајќи ги можните санкции против Русија и прекинот на испораката на гас како одговор на Москва.
Таа нагласи дека во таква ситуација Бугарија не само што ќе инсистира на солидарност во ЕУ, туку и ќе може да преземе свои чекори.