Откако премиерот Зоран Заев му се заблагодари на премиерот на Бугарија, за донацијата на вакцината против ковид објави дека разговарал со својот колега во Скопје.
„Ние секогаш сме подготвени да им помогнеме на нашите најблиски соседи и пријатели. Ова му го кажав на премиерот Зоран Заев, кој ни се заблагодари за подготвеноста да им помогнеме во обезбедувањето вакцина против ковид-19. Ситуацијата е навистина тешка и треба да се поддржуваме и да сме солидарни едни со други. Секој живот е важен и ќе вложиме максимални напори да го зачуваме“,напиша Борисов на Фејсбук.
Тој го објави и постот на Заев од вчера, во кој тој се заблагодарува за хуманиот гест на Борисов и бугарскиот народ.
Министерот за здравство Венко Филипче вчер а склучиле договор со Бугарија, при што од секоја количина на вакцини што ќе ја добива земјата, одреден дел ќе добива и Македонија.
– Бугарија како донација ќе одели слободна количина на вакцини од секоја количина која таа ќе почне да ја добива во следниот период, соопшти.