Каков и да е судир ќе го врати регионот сто години назад, изјави денеска во Мостар претедателот на Србија Александар Вучиќ, кој се сретна со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

„Имаше изјава за пушки, Голема Албанија и се друго. Бојко вчера ми рече: „Можам да замисалм дека си чкртал со забите, но она што го пушти низ уста беше добро. Добро е што повика на мир“, пренесе Вучиќ на заедничката прес-конференција.
„Ние така и ќе продолжиме“, порача Вучиќ потенцирајќи дека е важно да се сочуваат мирот и стабилноста.
Вучиќ и Борисов разговараа и за претстојниот Самит во Софија на 17 мај, на кој му се заканува бојкот од Шпанија поради учеството на претставниците на Косово.
„Каков и да е судир ќе не врато сто години назад“, рече Вучиќ. „Се обидов да го уверам Борисов дека Србија ќе направи се што е во нејзина моќ да го сочуваме мирот и стабилноста и дека на вжештените изјави ќе реагираме трпеливо и така ќе се обидеме да ги решиме проблемите во нашиот регион“.