Борисов и Антиќ ги посетија работите на почетокот на изградбата на гасоводот „Турски тек“ кон Србија

од Vladimir Zorba
292 прегледи

Српскиот министерот за рударство и енергетика, Александар Антиќ, денеска во Бугарија, заедно со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, и министерот за енергетика, Теменушко Петков ги посети работите на почетокот на изградбата на гасоводот кон Србија и српско-бугарската граница на територијата на општините Искар, Кнежа и Орјахово.

Како што соопшти дописникот на МИА од Белград, министерот Антиќ изјави дека „ова е исклучително важен ден за проектот на изградбата на „Турски тек“, кој треба да обезбеди поврзување на тој гасовод преку Бугарија со Србија. Тој рече дека Бугарите имале два важни чекори-еден е завршување на делницата од границата со Турција до нивната голема компресорска станица во Странџа, делница долга 11 км и денес официјално го означуваат почетокот на изградбата на делницата кон Србија.

-Можеме да кажеме со апсолутна сигурност дека бугарската страна ќе го заврши проектот неопходен за снабдување на Србија со гас и дека Србија ќе може да очекува испорака на гас од оваа насока во текот на 2020 година. Србија многу интензивно ја гради својата делница и ќе го заврши линискиот дел од гасоводот до крајот на оваа година. Очекуваме дека бугарската страна ќе ја заврши својата работа во првата половина на 2020 година, иако имаат мало задоцнување, но за нас е важно што тие брзо и интензивно ќе ја работат делницата до Србија, што е клучно за нас, рече министерот за рударство и енергија, Александар Антиќ.

Тој изјави дека од круцијално значење за Србија, Бугарија и Унгарија е продолжување на проектот „Турски тек“, како и дека гасоводот преку Србија од Бугарија до унгарската граница претставува огромен потенцијал што ќе ја направи Србија транзитна земја.

-Нема дилема дека сите држави што се наоѓаат на идната рута на гасоводот ги спроведуват активностите според планираното. Ова ќе ни овозможи сериозно да ги планираме идните енергетски проекти, рече српскиот министер за рударство и енергија.

Тој потсети дека во јуни има потпишано договор со унгарскиот министер Питер Сјарт, што ќе резултира во спојување на двата магистрални гасоводи и дека е дефиниран цел пакет активности што ќе овозможат таа интерконекција да се изгради и пушти во употреба.

Бугарија, Србија и Унгарија интензивно работат на изградбата на гасоводот, испраќајќи јасна порака од Бугарија-продолжувањето на „Турскиот тек“ е неопходно за енергетската безбедност на регионот, рече Антиќ.

На настанот присуствуваа државниот секретар на Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија, Тамаш Менцер, претставници на „Булгартрансгас“ и турскиот „Боташ“, и извршниот директор на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ.

Слични содржини