Бугарскиот премиерот Бојко Борисов уште еднаш истакна дека Македонија Е една од земјите која вложи особено големи напори да престане миграцискиот бран
“Тоа е нешто за што сум исклучително вознемирен и крајно загрижен. Дури мислам дека и во Бугарија во последните денови како ги набљудувам процесите – не сакам да влегувам во термините: хибридни војни или сајбер напади – но си врзуваат неколку работи околу – настаните во Македонија вчера, во Грција, некои процеси кои во Србија ќе се случуваат, сé уште не ми се точно јасни , но бидејќи имаме барање во службите за таму – ми даваат причина да сум загрижен “, рече Борисов.
“Македонија е една од земјите кои со помош и особено од Вишеградската четворка вложи многу напор да застане бегалскиот бран. Беа направени многу обиди и македонскиот претседател ни запозна, вклучувајќи ме и мене со информации, со писмо што се предвидени и на Европскиот совет со прилично солидна подготовка за напад на нивните граници од организирани групи – и тоа се случи. Беа испровоцирани – употребија солзавец – нешто што не се одобрува во демократската јавност. Беа подложени на притисок и вчера се случи она што денес ќе продолжи и тоа ќе продолжи и подолго “, рече премиерот.
“Македонија ќе биде дестабилизирана, според мене – може грешам, но дури и изборите, според мене се подложени на ризик дали ќе ги одржат воопшто. Значи – малку подолго објаснувам, но бидејќи тие сите слулчувања ја засегаат и Бугарија и сакам затоа се тоа да го објаснам “, изјави Борисов.