Борисов: Најдоброто нешто за Бугарија е С. Македонија и Албанија да бидат во ЕУ и НАТО

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Најдоброто нешто за Бугарија е Северна Македонија и Албанија да бидат во Европската Унија и НАТО, рече лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов во седиштето на партијата на средба со пратениците. Според него, постои обид Северна Македонија да се врати под руско влијание и тоа, според Борисов, се прави намерно и многу активно.

„Криминалното дело како што е претепувањето на Бугарин го прави народот целосно на страната на тој човек, а тоа може да не „сврти“ во друга насока, што е целосно во корист на Путин и неговите геостратешки планови за Балканот“, коментира Борисов.

Христијан Пендиков беше претепан вечерта на 19 јануари во Охрид. Тој се здобил со тешки телесни повреди и се наоѓа на лекување на ВМА-Софија, а состојбата му се подобрува по операцијата на скршеница на вилицата.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев вчера во Перник изјави дека случајот со Пендиков е израз на децениска политика на влевање омраза кон Бугарите и кон се што е бугарско во Република Северна Македонија.

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев во понеделник ќе има работна средба во Скопје.

Слични содржини