Борисов: Не можевме да создадеме таква влада на која ќе и се стави грев

од desk4

Бојко Борисов, лидер на ГЕРБ, денес, по брифинг во седиштето на партијата изјави: Не можеме да ја оставиме финансиската стабилност на луѓето или буџетот на земјата на друга преодна влада.

Борисов истакна дека целта на Бугарија над се, е нејзината геополичја ориентација.

Марија Габриел, кандидатката за премиер на ГЕРБ-СДС, му го врати неискористениот мандат за формирање влада на претседателот Румен Радев.

Борисов додаде: „Ние како морален кодекс на нашата коалиција ги прифативме транспарентноста, чистотата, јавноста. Не можевме да создадеме таква влада на која ќе и се стави грев“.

Тој на брифингот и се заблагодари на Марија Габриел за прифатената улога на мандатар.

-Место да оди на самитот на Г-7, таа дојде во Бугарија, даде оставка и застана до нас, истакна Борисов. „Таа одигра огромна улога во нашите следни чекори“, додаде тој.

„Последниве неколку дена активно одржувавме средби со лидерите на „Промените продолжуваат“ и „Демократска Бугарија“. Со нив тргнавме од назад кон напред – тие со 64 пратеници не можат да формираат влада, ние со 116 пратеници исто така не можеме да формираме влада“.

Слични содржини