„Звучи нескромно, но нема поподготвен од мене. Не случајно ние сме првата политичка сила. Многу луѓе сакаат да бидам како мене, а јас отсекогаш верував дека единството прави сила. Сепак, јас нема да бидам кандидат за премиер во новиот кабинет, што ќе го предложи ГЕРБ. Ќе биде номиниран друг кандидат“, изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов за бугарските медиуми.
„Не е правилно за мене, како Радев, да одам и да ја поделам нацијата на два дела. Ќе номинирам друг премиер со многу европска, НАТО ориентација“, рекол Борисов, додавајќи дека имаат една недела според Уставот да формираат владин кабинет.
На прашањето дали предлогот за премиер ќе биде Томислав Дончев, Борисов одговорил категорично „не“ и додал: „Не, тој не го заслужува тоа. Да го добиеме мандатот, па ќе ја сфатиме сериозно работата и ќе го објавиме името, рекол Борисов.
На прашањето дали ќе има промени во раководството на ГЕРБ, Борисов рекол дека има градови каде резултатите од изборите не го задоволуваат, а целта им била Софија, Стара Загора и Бургас.