Многумина ќе одговорат на прашањето „кое е најздравото овошје?“ Без многу размислување – бобинките. И нема да погреши.
Бобинките се многу богати со витамини, минерали и антиоксиданси кои го зачувуваат здравјето и штитат од негативните ефекти на оксидацијата и слободните радикали.
Бобинките што ги сакаат повеќето луѓе се дефинитивно боровинките. Тие често се етикетирани како суперхрана, нискокалорична бидејќи се неверојатно добри за исхраната и здравјето.
Еве четири причини зошто ова овошје треба да биде дел од вашето дневно мени.
1. Зајакнување на коските
Тие се богати со калциум, железо, магнезиум, манган, цинк и фосфор, кои се клучни за здрави коски.
2. Нега на кожата
Антоцијанинот им помага на боровинките во борбата против оксидативното оштетување на ДНК, додека изобилството на витамин Ц е главен фактор за градење на колаген. Затоа, редовното консумирање може да помогне да се намалат знаците на стареење, брчките, старечките дамки и акните.
3. Го намалуваат лошиот холестерол
Истражувањата велат дека влакната и антиоксидансите можат да помогнат во растворање на лошиот холестерол. Студиите на „Journal of the Academy of Nutrition“ откриваат дека секојдневното консумирање боровинки во исхраната помага да се подобри крвниот притисок и артериската вкочанетост кај жените.
4. Го одржуваат здравјето на кардиоваскуларниот систем
Боровинките се состојат од полифеноли кои имаат антиоксидантни и антиинфламаторни својства, а можат да придонесат за здравјето на срцето и да ги намалат другите проблеми со срцето. Тие исто така можат да го регулираат крвниот притисок.