Колач од лимон и боровинки

од Stefanija Kuzmanovska

Сочен колач со боровинки и лимон.

Состојки:

– 220 гр брашно

– 1/2 кесичка прашок за пециво

– 130 гр путер

– 130 гр шеќер

– 1 лимон

– 2 јајца

– 150 гр кремасто сирење

– 200 гр боровинки

– 1 ванилин шеќер

– 20 гр ливчиња бадеми, по желба

Подготовка:

Подгответе ја тавата за колачот. Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени.

Матете ги путерот и шеќерот додека не се растопи шеќерот, а потоа додавајте ги едно по едно јајцата, постојано матејќи.

Брашното измешајте го со прашокот за пециво, ванилиниот шеќер, па додадете ја кората од лимон и матете добро да се соедини.

Исклучете го миксерот, а потоа додадете ги боровинките и измешајте со лажица.

Истурете го тестото во калапот, распоредете ги бадемите и печете го колачот 30 минути. Изладениот колач посипете го со шеќер во прав.

Слични содржини