Борусија може да го пушти Белингем за 120 милиони евра

од Vladimir Zorba

Борусија Дортмунд летово може да се раздели со Џад Белингем само доколку некој се согласи да плати најмалку 120 милиони евра за правата на Англичанецот кој денеска полни 19 години.

Германскиот клуб генерално нема намера да се раздели со играчот од средниот ред преку овој преоден рок, но според „Билд“ понуда од такви размери може да ја промени ситуацијата.

Покрај тоа, од „Сигнал Идуна Парк“ разбираат дека веројатно нема да можат да го задржат Белингем повеќе од уште една сезона. За репрезентативецот на Англија заинтересирани се Реал Мадрид, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Белингем е во Борусија Дортмунд од јули 2020 година. Минатата сезона, играчот од средниот ред постигна 6 гола и направи 14 асистенции на 43 натпревари за тимот.

Слични содржини