Бошкоски е на црната листа на САД поради татковинската војна, нема искористено ниту една дневница за службено патување, велат од Обединети за Македонија

од Nikola Popovski
233 прегледи

Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, е на црната листа на САД поради татковинската војна. Додека соработниците на службите од соседните земји вешто се криеја за време на Војната, претседателот беше во првите борбени редови, подготвен да ја брани Македонија и по цена на својот живот, велат од партијата откако името на нивниот лидер беше споменато во контекст на ставањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната американска листа.

Велат дека процесот за отстранување од црната листа е започнат .

-За разлика од „свежите“ имиња на црната листа кои се осудени за криминал, што е рамно на предавство кон сопствената држава, нашиот Претседател се најде на истата поради бирократски причини. Да не заборавиме дека Стејт департментот го забележа Претседателот Љубе Бошкоски како политички затвореник и со тоа груевистичката Влада докажа дека е на ниво со режимот на Лукашенко во Белорусија, истакнуваат од Обединети за Македонија.

Порачуваат дека за примањата од Владата, „груевистичките мегафони го забораваат фактот дека господинот Љубе Бошкоски, нема искористено ниту една дневница за службено патување, ниту пак средства за патни трошоци“.

-На веб-страницата на Владата јасно се гледа месечната исплата на Претседателот. Лесно е да се пресмета колку само тој дава свои лични приходи при комуникација со потенцијални и успешни странски инвеститори. За бројот на странски инвестиции, слободно може да се обратите кај агенциите и министерствата задолжени за тоа, за тоа колку странски инвестиции има преговарано и донесено господинот Љубе Бошкоски. Исто така, сакаме да потенцираме дека политичката партија Обединети за Македонија, како конзервативна партија е во тесна соработка со Републиканската партија на САД, како сојузници во европските конзервативни структури каде што сме активни. Затоа, логичен е фактот дека груевистичките и русофилски медиумски мегафони ќе прават обиди за дестабилизација не само на партијата, но и на самата држава, стои во партиското соопштение.

Слични содржини