209
„Поради зголемениот интерес за мојата здравствена состојба, многу луѓе ме прашуваат како сум и не можам да одговорам на сите.
Затоа, ве известувам дека сум на Инфективна клиника, примам терапија уште 3-4 дена. Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“, сподели лидерот на ОМ, Љубе Бошкоски на својот Фејсбук профил.
Голема благодарност до медицинскиот персонал и моите сопартијци кои ми даваат поддршка и се тука за мене. Чувајте се!, додаде тој.