Валтери Ботас го изненади клубскиот колега во Мерцедес, Луис Хамилтон и ја грабна пол-позицијата пред Гран При на Русија во Формула 1 утре.
Светскиот шампион доминираше во квалификациите, но допушти грешка во средината на трасата при последната брза обиколка, откако излезе од патеката и заостана 0.150 илјади од клубскиот колега.
Генерално, „Сребрените стрели“ доминираат во Русија од почетокот на викендот, но Хамилтон сигурно ќе биде разочаран од начинот на кој ги заврши квалификациите.
Себастијан Фетел ќе стартува трет и макар и заостатокот на Ферари да е околу половина секунда на обиколка, Германецот сигурно ќе биде задоволен што неговиот најголем конкурент е до него, а не пред него.
Кими Раиконен остана 4-ти, откако пилотите на двата водечки тима ќе започнат со средно тврдите гуми – ултрасофт, што значи дека ќе останат подолго време на патеката во првите кругови.
Во десетката влегоа уште Кевин Магнусен, Естебан Окон, Шарл Леклер, Серхио Перез, Ромен Грожан и Маркус Ериксон, а претставувањето на Заубер беше навистина одлично денеска.
Интересно е дека во втората фаза на квалификациите Дани Рикардо, Макс Верстапен, Пјер Гасли, Нико Хулкенберг и Карлос Сајнц не направија воопшто обиколка за време, а првите тројца од нив и онака ќе тргнат од дното поради казни.