Ботас и Рикардо застанаа во одбрана на Верстапен, по критиките кон возачот на Ред Бул

од Vladimir Zorba

Макс Верстапен привлече многу критики по мексиканското Гран При, но двајца негови ривали на патеката застанаа во негова одбрана. Валтери Ботас и Даниел Рикардо не гледаат ништо лошо во однесувањето на пилотот.

Поранешниот тимски колега на Макс во Ред Бул, Рикардо истакна дека човек не секогаш знае со кој точно се бори на патеката.

„Понекогаш знаете, понекогаш не. На моменти сте толку фокусирани на битката што дури и не обрнувате внимание на тоа со кој точно пилот се бориш. Ми се допаѓа Макс, ми се допаѓа неговиот стил на пилотирање. Тој се натпреварува цврсто, а јас претпочитам луѓе како него, на некој кој е помалку посветен на одбрана или напад“. Валтери Ботас, кој имаше контакт со Верстапен во Мексико, исто така не виде ништо лошо.

„Мислам дека работите се преувеличија. Тој направи некои навистина, навистина добри трки. Убаво, солидно тркање, и искрено. Но, понекогаш еден случај може да доведе до големи претерувања. Тој е агресивен пилот, што е добро. Секој пилот е различен и треба да се однесувате поинаку на пистата. Тоа е убаво, затоа што би било многу досадно ако сите бевме исти “, вели Ботас.

Слични содржини