Ботас пред Хамилтон на стартот на ГП на Кина

од Vlatko K
128 прегледи

Квалификациите за Гран при на Кина во Формула 1 се претворија во голема битка помеѓу возачите
на Мерцедес – Валтери Ботас и Луис Хамилтон. Финецот го постави темпото за време на втората и
третата слободна тренинг сесија, но Британецот најде брзина во неговиот автомобил во најточен
момент и одговори на предизвикот на неговиот тимски колега.


Сепак, Валтери Ботас го даде најбрзото време на патеката во близина на Шангај – 1:31.547.
Хамилтон заостана со само 0,023 секунди од финскиот противник.

Пилотите на Ферари ќе ја започнат трката од вториот стартен ред. Себастијан Фетел беше трет, а
Шарл Леклер остана на четвртото место.

Пилотите на Ред Бул се наоѓаат на третата стартна линија. Макс Верстапен беше многу близу до
двата болиди на Ферари, но заврши петти, а Пјер Гасли беше шести.

Дани Рикардо и Нико Хулкенберг со Рено се седми и осми, а возачите на Хас Кевин Магнусен и
Ромен Грожан ги комплетираат топ 10 за утрешната трка, која почнува од 08:10 часот по
македонско време.

Слични содржини