Божик – православните христијани го слават Рождеството Христово

од Elena Daskalova
668 прегледи

Денеска, 7 јануари, е големиот христијански празник Божик, Рождество Христово, односно денот на раѓањето на Исус Христос, а го слават православните христијани кои се водат по јулијанскиот календар.

Празнувањето на Раѓањето Христово се појавува уште во почетокот на христијанството, најверојатно во апостолскиот период. Апостолските правила одредуваат ден за празнување на Раѓањето Христово (25 декември според грегоријанскиот календар), покажувајќи ја смислата на тој празник за Црквата: „Внимавајте браќа, првиот празник меѓу празниците е Рождеството Христово.“

Времето кое му претходело на Рождеството Христово било исполнето со длабоко чувство за едно безгранично зло. Во секој момент се чувствувала несигурноста на тоа време. Светот пред Христовото раѓање наликувал на добро изорана нива, подготвена да го прими семето на вечниот живот – начелото на идниот век.

Денеска завршуваат и божикните пости, а прославувањето на овој празник започнува со Коледе и коледарскиот оган, кој е најава за Христовото раѓање, потоа со Бадник, ден пред Божик, а самиот празник рано утрото започнува со црковна богослужба.

Традиционално, Божик се поминува во кругот на потесното семејство, затоа што сите членови заедно дома треба да ја дочекаат веста за Неговото раѓање.

Честит Божик и од Бога благословено Новото Лето Господово.

Христос се роди!
Вистина се роди!

Христос се роди!
Вистина се роди!

Христос се роди!
Вистина се роди!

Слични содржини