Иако Чарлс се ожени со Камила во 2005 година и оттогаш таа официјално е дел од семејството, нејзините деца никогаш не добија покана да го поминат Божиќ со новото семејство на нивната мајка.
Меѓутоа, работите сега се менуваат и кралицата ќе го прослави овој Божиќ со синот и ќерката кои ќе се приклучат на остатокот од кралското семејство.
Како што пренесува „Дејли мејл“, овогодинешниот список на гости е радикално променет и сега го вклучува семејството на актуелната кралица.
Покрај постариот син на Чарлс, Вилијам и неговото семејство, на иста божиќна трпеза конечно ќе седнат и децата на Камила, кои наводно одлично се согласуваат со остатокот од кралското семејство. Дополнително, внуците на Чарлс и внуците на Камила се приближно на иста возраст, така што и тие ќе можат да се поврзат.
Синот на Камила, Том Паркер Боулс има две деца, 16-годишната Лола и 13-годишниот Фреди, а Лаура Лопес има 15-годишна ќерка Елиза и 13-годишните близнаци Гас и Луис. Сепак, не е познато дали внуците на Камила ќе седнат на главната маса или ќе им се придружат на младите принцови и принцези на „детската маса“.
Како што веќе е утврдено, семејството претпочита да ги помине празниците во Норфолк, а Божиќ ќе го прослави во селска куќа во Сандрингем. Таа е една од кралските резиденции на Чарлс Трети чии уредени градини, паркови и шуми се во Националниот регистар на историски паркови и градини.