Божиновски: Орце Камчев и Минчо Јорданов плаќаа да знаат што се случува во државата

од Viktor Jovanov

Бизнисмените сакаат да знаат кој е кој што е што и од каде доаѓаат. За тоа да го знаат плаќаат со украдени пари на граѓаните. Тоа се случи и со Минчо Јорданов и со Орце Камчев. Со потпишан договор имаа право да ме прашаат за информации од било која тема, изјави новинарот Зоран Божиновски, запрашан за случајот Шпион во кој беше обвинет, но подоцна ослободен од обвинение поради недостаток на докази.

-Јас сум новинар професионалец, издржувам семејство, овде и во Србија. Ме обвинија за рекетар, но без докази. Две обвинителства 6 и пол години не можеа да го докажат тоа. Толку се мачеа за при крај на минатиот месец обвинителите Елизабета Јосифовска и Стевчо Донев да се изјаснат дека немаат материјални докази против мене. Во меѓувреме повикуваа сведоци против мене кои даваа трагикомични изјави против мене. Меѓу нив се Минчо Јорданов и Драган Даравелски, и двајцата се изјаснија дека не сум ги рекетирал. Јорданов лажеше на суд дека договор било да ми даде 10 илјади евра па сум го уценувал. Минчо во 6 наврати ми даде мене 30 илјади евра, секогаш ме чекаше со кетеринг и подароци во неговиот кабинет, вели Божиновски.

Слични содржини