
Билката салвия (Salvia officinalis) или градинарски чај е мала и вечна зелена грмушка. Се одгледува и како зачин и билка. Често може да се збуни со салвија дивинорум (Salvia divinorum), што е психоактивно растение. Ја нарекуваат уште салвија Божји босилек. Според една од легендите, кога Марија и Јосиф бегале од војниците на царот Ирод, го скриле новородениот Исус во растението крај патот салвија. Се тврди дека билката во која лежел младенецот, била просветена од божествената светлина и од таму добила лековити својства. Билката помага во форма на чај и напивки. Често се користи како зачин во готвењето. Го намалува опаѓањетона косата и го забавува стареењето на кожата. Го зајакнува слабиот имунолошки систем. Се користи и при кожни воспаленија.