Двајца браќа во Германија се тешко повредени во новогодишната ноќ во Есен , откако активирале ракети и петарди , кои самите ги направиле.

Браќата се на возраст од 31 и 33 години. Тие ги ставиле ракетите и петардите во кутија од Кока кола и потоа ги активирале околу 2 часот по полноќ во училишен двор.
Од повредите со кои се здобиле при експлозиите , двајцата се во животна опасност во болница.
Жителите на населбата велат дека експлозијата на петардите била толку гласна , што помислиле дека се урива нешто големо. Полицијата во домот на браќата пронашла експлозив , што го користат пиротехничарите.