Бранот стивнува, бројот на заразени со Ковид-19 опаѓа

од Берта Китинска
463 прегледи

Забележано е намалување на бројот на новозаразени во земјава, но бројот на починати е се уште висок.

„По мини-пикoт што беше пред неколку дена, имаме наналување на бројот на заболени. Тоа значи дека мерките се добри, а со тоа се олеснува и работата на здравствените работници, се уште имаме приеми во болниците, но притисокот е намален.Ова се знаци дека овој бран стивнува“, кажа Филипче.

Филипче информираше дека на 28 април во земјава ќе пристигнат  200.000 вакцини од Кина.

„Следната недела според најавите од „Фајзер“ на 19 април  треба да пристигнат 10.000 вакцини, понатаму на 26 уште 10.000, и утрово стигна потврда од кинеската амбасада дека целокупната количина од 200.000 кинески вакцини треба да пристигне околу 28 април“, рече Филипче.

Македонија засега не планира да нарачува вакцини од српскиот институт Торлак каде вчера почна да се произведува руската вакцина Спутник В, а првите количини за испорака се најавени за првата половина на јуни.

Филипче рече дека засега не ни треба нарачка, бидејќи според планот веќе на хартија имаме обезбедено 2 милиони и 600 илјади вакцини, од Фајзер, преку Ковакс, руски Спутник, кинески Синофарм и Синовак и од ЕУ.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 145.001, бројката на оздравени пациенти е 120.707, на починати е 4.357, а бројот на активни случаи изнесува 19.937.

 

Слични содржини