Членовите на јапонскиот тим на џудо, братот и сестрата Абе, 23-годишниот Хифуми и 21-годишната Ута, денеска влегоа во историјата на Олимпијадата освојувајќи златни медали во своите категории на Игрите во Токио.
Хифуми и Ута се првите брат и сестра кои станаа олимписки победници во индивидуалните спортови на истиот ден. Ута Абе прва стигна до златниот медал во категоријата до 52 килограми совладувајќи ја Французинката Армандин Бучард во финалето со златен поен. Абе ја победи и натпреварувачката од Косово Мајлинда Кеменди, која пак беше победникот на олимпијадата во Рио де Жанеиро која се одржана во 2016. Мајлинда во Токио беше поразена во нејзиниот прв настап од унгарскиот Пуп. Вториот бронзен медал го освои Британката Челси Гајлс. Во финалето до 66 килограми за мажи, Хифуми Абе го победи Грузиецот Важа Маргвелашвили. Бронзени медали освоија и Бразилецот Даниел Каргнин и Јужнокореецот Баул Ан