Братот на Бајден: Џо не беше вклучен и немаше директен интерес во моите работи

од Stefanija Kuzmanovska
304 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден „никогаш не учествувал“ во бизнисот на другите членови на неговото семејство, сведочеше братот на претседателот Џејмс Бајден, кој доброволно сведочеше пред конгресмените, зад затворени врати, како дел од истрагата за импичментот на претседателот.

Џејмс Бајден (74) беше испрашуван за претходните финансиски трансакции и исплата на заеми за кои републиканците тврдат дека го инкриминираат актуелниот американски претседател од редовите на демократите.

„Во текот на мојата 50-годишна кариера, учествував во различни деловни потфати. Џо Бајден никогаш не учествувал и немал директен или индиректен финансиски интерес во тие активности. Никогаш“, рече Џејмс Бајден во својата воведна изјава, пренесе „Вашингтон пост“.

Републиканците во Претставничкиот дом го обвинија Бајден дека учествувал во деловно недолични активности и корупција за време додека бил потпретседател на САД, заедно со неговиот помлад брат Џејмс и синот Хантер – кој има одделни судири со законот.

Тие се фокусирани и на синот на претседателот, Хантер, тврдејќи дека тој го користел познатото име на неговиот татко, додека Бајден бил потпретседател на Барак Обама, за да се збогати преку деловни зделки во Украина и Кина.

54-годишниот Хантер Бајден го привлекува вниманието поради неговите лични правни проблеми, вклучително и федералните обвиненија за затајување данок и купување оружје додека бил зависник од дрога, јавува „Гласот на Америка“.

Слични содржини