Братот на директорот на „Комунална хигиена“ од Алијанса пукал во демонстрантите

од Nikola Popovski

Братот на в.д. директорот на комунална хигиена од Алијанса за Албанците (АА), Зуди Енузи Кока – Цуфи, пукал во демонстрантите кои денеска поминуваа покрај старата скопска чаршија.

 

 

Зуди Енузи Кока, член на партијата АА, од 31-ви декември 2021 година е вршител на должноста директор на „Комунална Хигиена – Скопје“.

Инцидентот се случи додека поворката што учествува на протестите против францускиот предлог се движеше кон зградата на МНР, по што беа нападнати од лица од правец на Старата скопска чаршија. Почнаа да летаат камења, столчиња и разни тврди предмети, a беше употребено и огнено оружје.

Според тоа што може да се види на видеата на социјалните мрежи, имаше мал број на полицајци во моментите кога дојде до инцидентите, но потоа пристигна поголем полициски кордон и ги одвои двете групи, со што се спречи поголем инцидент.

-Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР!, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од лицето.

Фото: Република

Слични содржини