Братот на Џака: Барав од Гранит да не игра против Србија

од Nikola Popovski
132 прегледи

Кој би помислил до пред една година дека натпреварите меѓу Србија и Швајцарија ќе бидат со „висок ризик“. Сето ова поради косовското потекло на дел од репрезентативците на земјата под Алпите.

Првиот дуел од Лигата на нации меѓу двете земји се игра во сабота навечер во Лесковац. Овојпат во ривалскиот тим нема да биде Џердан Шаќири кој се повлече од репрезентацијата, но ќе биде Гранит Џака со кој српските фудбалери веќе имаа конфликти на теренот.

Неговиот брат Таулант, кој беше албански репрезентативец, во интервју за „Blik“ признал дека побарал од неговиот брат да не го игра натпреварот во Србија.

„Не можев да поверувам кога ја видов ждрепката. Јасно ми е дека секој притисок и емоции ќе ги носат овие натпревари“, изјавил Таулант, кој играше за Албанија на познатиот меч во Белград кој беше прекинат поради дронот со дрон и упадот на навивачите на терен.

Таулант Џака штом го виде исходот од ждрепката, веднаш посегнал по телефонот.

„Му се јавив на брат ми и му предложив да разговара со селекторот Јакин и да го прескокне натпреварот во Србија“. Но, сите знаеме каков е мојот брат, тој сака да го игра секој натпревар за Швајцарија“.

Ниту другиот Џака не може да процени како ќе изгледа натпреварот во Лесковац.

„Не е лесно да се задржи контролата во текот на сите 90 минути кога се појавуваат емоции. Гранит мора да остане смирен, да се фокусира на фудбалот, да игнорира провокации, но, сепак, тоа е лесно да се каже“, вели Таулант.

Во таборот на швајцарската репрезентација не очекуваат проблеми, веруваат дека се што се случувало претходно останало во минатото.

-Ова е натпревар како и секој друг. Се што беше остана зад нас, вели директорот на швајцарската репрезентација Пјерлуиџи Тами.

Слични содржини