
Учестввувајќи во емисијата “Инфобокс” на ТВ Дукаѓини, пратеникот во Собранието на Косово Даут Харадинај се закани со војна ако судот во Колмар, во Франција, донесе одлуката за екстрадиција на Рамуш Харадинај во Србија.
“Можат да не воведат во војна, ништо друго. Јас за ништо друго н ѓе знам. Но, ако згрешат и ако тоа го направат (екстрадираат Харадинај) треба да бидат подготвени за посериозни теми. Ако го сакаат Косово без етнички Срби, тогаш да не се шегуваат”, вели Даут Харадинај.
Апелациониот суд во Колмар во четвртокот одлучи Харадинај да остане во Франција и да го чека следното рочиште закажано за 27 април, на кое судот треба да донесе одлука за барањето на Србија за негова екстрадиција.
Харадинај инаку еобвинет за воени злосторства на Косово извдедени за време на војната во 1998 година и 1999 година, а беше уапсен на 4 јануари на аеродромот во Базел, по потерница на Интерпол и објавените српские обвиненија за воени злосторства.
Францускиот суд на 12 јануари условно го ослободи од затвор, односно треба да ја чека пресудата..
Во 2012 година, Хашкиот трибунал за воени злосторства за поранешна Југославија го ослободи Харадинај од обвиненијата за воените злосторства