Бразил го сака Гвардиола за селектор, веќе му испратиле официјална понуда

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола би можел да биде нов селектор на бразилската репрезентација, откако актуелниот Тите ќе се повлече од таа функција по Светското првенство во Катар.

Како што пренесуваат светските медиуми, челниците на ФС на Бразил веќе стапиле во контакт со братот на Гвардиола, Пере, инаку негов агент, и му понудиле договор до 2026 година, според кој ќе заработува 12 милиони евра годишно.

Бразилски „Глобо“ веќе објави дека Тите ќе си замине од клупата по Мундијалот, а дека актуелниот тим на Бразилската фудбалска федерација, кој дојде на кормилото во март годинава, веќе одлучил новиот селектор да биде од странство.

Згора на тоа, челниците на ФС Бразил се убедени дека Гвардиола би можел да ја преземе нивната репрезентација, особено што неговиот договор со Сити истекува во летото 2023 година.

Да потсетиме, сега како тренер на „граѓаните“ Гвардиола заработува 20 милиони евра годишно.

Слични содржини