Бразил и Венецуела обезбедија четвртфинале на Копа Америка

од Vlatko K
162 прегледи

Домаќинот на фудбалскиот Куп на Америка, репрезентацијата на Бразил, како и Венецуела изборија
пласман во четвртфиналето по синоќешните победи во третото, последно коло во групната фаза.


Бразил во Сао Пауло ја совлада селекцијата на Перу со 5:0. Стрелци на головите беа Каземиро,
Фирмино, Евертон, Дани Алвес и Вилијан.

На средбата во Бело Хоризонте, Венецуела славеше триумф над Боливија со 3:1. Мачис двапати и
Мартинез еднаш ја погодија мрежата на Боливија која постигна гол преку Јустинијано.

Конечен изглед на табелата во А-групата:
1. Бразил 7 бода
2., Венецуела 5
3. Перу 4
4. Боливија 0.
Вечер се играат дуелите од последното коло во Б-групата. Двојките се:
Катар – Аргентина и
Колумбија – Парагвај.