БРАЗИЛ ЈА ДЕМОЛИРАШЕ ГЕРМАНИЈА: Ричарлисон е херојот!

од Nikola Popovski

Бразилските фудбалери го совладаа германскиот тим во групата Д на олимпискиот турнир во Токио со 4-2.

Крилниот напаѓач на Евертон, Ричарлисон беше брилијантен и постигна хет-трик во првото полувреме, постигнувајќи погодоци во 7, 22 и 39 минута од натпреварот.

Куња ја пропушти можноста дополнително да ја зголеми предноста на Бразил промашувајќи пенал во првата минута од продолжението на првото полувреме.

Олимпискиот тим на Германија не се предаваше, па резултатот го намали на 3-1 преку играчот на Баер Леверкузен, Нардин Амири во 57.минута од средбата.

Во 63-та минута Германија остана со играч помалку, но тоа не ги спречи во нападите, па до нов гол стигнаа во 83-та минута од мечот кога Аче го погоди голот на бразилскиот голман Сантос по центаршутот на Раум.

Сепак, победата на Бразил беше потврдена со голот на Паулињо во четвртата минута од судиското продолжение.

На другите натпревари одиграни денес, Австралија приреди големо изненадување совладувајќи ја Аргентина со 2-0. Стрелци за Австралија беа Велс и Тилио.

Романија беше подобра од Хондурас со минимален резултат 1-0, додека домаќинот Јапонија со ист резултат беше подобра од Јужна Африка.

Слични содржини