Бразилците му пуштија крв на Леброн: Лакт во глава и четири конци пред полуфиналето на ОИ!

од Vladimir Zorba
60 прегледи

Селекцијата на САД до дуелот во полуфиналето на Олимписките игри стигнаа со убедлива победа над Бразил, но не можеше да помине без „данок“. Леброн Џејмс од тој дуел заработи четири конци во лицето.

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс доби удар со лакт во главата, поради што мораше да го заврши натпреварот кон средината на третата четвртина. Леброн крвареше во пределот на веѓите и беше јасно дека нема да може да продолжи.

Немаше потреба бидејќи Американците имаа огромна предност, па тренерот Стив Кер немаше причина да ризикува било што.

Сега многумина се прашуваат во каква состојба Џејмс ќе оди во полуфиналето со Србија. Се очекува тој да биде во игра за натпреварот закажан за четврток во 21.00 часот, потврди Кер.

Останува да видиме дали оваа повреда ќе го исфрли од колосек.

Досега забележа 13,8 поени, 7,8 асистенции и 5,8 скока по натпревар, а забележителен беше и против Бразил (12 поени, девет асистенции, три скока и украдени топки).

Слични содржини