Бразилско племе со стрела уби владин службеник (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
436 прегледи

Владин службеник и водечки експерт за изолирани племиња на Амазон, Риели Франсискато (56) бил убиен од стрела што го погодила во градите, откако тој се приближил до племенската група што сакал да ја заштити.

Франсискато ја помина целата своја кариера како службеник во државната агенција за племенските заедници Фунаи, каде што работеше на воспоставување резерви кои ќе ги штитат племињата кои немаат контакт со надворешниот свет.

Оваа среда, кога се приближи до племенската заедница што живее покрај резерватот Уру Еу Воу Вау, на границата со Боливија, беше погоден од стрела.

„Тој рикаше, ја извлече стрелата од градите, истрча 50 метри и падна безживотно“, рече полицаецот кој ја следеше експедицијата.

Невладината организација Канинде, чијшто Франсискато беше еден од основачите во 80-тите години на минатиот век, рече дека племенските заедници не разликуваат пријатели од непријатели во надворешниот свет.

Неговата смрт се случи во време кога индијанските заедници во Бразил се особено загрозени поради нелегални дрвосечачи и рудари на злато кои се охрабрени од политиката на десниот претседател Жаир Болсонаро, чија цел е развој на Амазон и намалување на резерватите.

Слични содржини