Бред и Анџелина си направија ќеиф на голем личен празник во “Беверли Хилс”

од desk3
134 прегледи

Бред Пит и Анџелина Џоли избегаа од секојдневниот живот во американски хотел. Минатата недела актерите ја прославија втората годишнина од бракот. Бред и Анџелина имаат поминато една романтична вечер во легендарниот хотел “Беверли Хилс”.

1472813081-joli

Нивните шест деца, останале со дадилката. “Беа само двајцата. Уживаа на романтична вечера и ја поминаа ноќта во хотелот.

Наутро си заминаа “, рече неименуван извор за US Weekly. Ова не е прва романтична авантура, што си ја договара двојката.

Актерите од време на време резервираат соба во луксузни хотели, за да го одржуваат огнот во врската. Пит и Џоли се венчаа во 2014 година по 10-годишна врска. Со свадбата тие направија гест кон своите деца, кои отсекогаш сакале да ги видат пред олтарот.