Холивудската ѕвезда Бред Пит ја преживеал доста емоционално прва средба со своите деца. Актерот видел две од вкупно шесте деца и тоа само за час. Тој го испочитува договорот потпишан со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли и беше забележан од психотерапевт.

Според Daily Mail актерот е очаен и бил подготвен да се согласи на било каков договор со Анџелина, за да може да биде поблиску до децата.
Тој доброволно се подложи на тест за алкохол и дрога. Веќе стана јасно дека првиот тест е негативен.
Потсетуваме дека Анџелина Џоли поднесе барање за развод од Бред Пит на 19 септември. Како причина таа посочила “ненадминливи разлики”. Актерката го обвинува Пит во злоупотреба на дроги и алкохол, лутина и конфликт за децата./MИА