Бред Пит и Џенифер Анистон водеа секси разговор (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Благодарение на апликацијата „Зум“, но и на добротворната организација Core, која помага за време на пандемијата на коронавирус, најголемите холивудски имиња на денешницата се собраа на Фејсбук за да ги читаат заедно сценаријата на легендарниот тинејџерски филм Fast Times at Ridgemont High од 1982 година.

Сепак, најголемо внимание привлече поранешната холивудска двојка – Бред Пит и Џенифер Анистон, а од нивните дијалози можеше да се заклучи дека „старата љубов не се заборава“, пренесе „Нова.рс“.

Покрај нив двајца, тука беа и Џими Кимел, Џулија Робертс, Метју Меконахи, Морган Фримен, Хенри Голдинг, Шија Ла Буф и Шон Пен.

Холивудскиот заводник ја играше улогата на Бред Хамилтон, додека Анистон ја играше Линда, девојка која е за вљубена токму во него.

Поранешните сопружници, како што налага сценариото, мораа да одглумат една од најнепријатните сцени од филмот, кога Бред Хамилтон го има својот „интимен момент“ во бањата.

„Здраво Бред, знаеш дека отсекогаш мислев дека си сладок“, започна Џенифер Анистон, која се разведе од Пит во 2005 година, додавајќи: „Ти си толку секси“.

За разлика од актерката која ја глумеше Линда во филмот и во таа сцена се соблече топлес, Анистон остана облечена.

Слични содржини