Бред Пит објасни зошто не снимал со Леонардо Ди Каприо

од Vladimir Zorba
131 прегледи

За време на премиерата на филмот на Квентин Тарантино “Си беше еднаш во Холивуд”, Бред Пит и Леонардо Ди Каприо стоеја рамо до рамо на црвениот килим во Лос Анџелес.

Двете ѕвезди играат главни улоги во производството. Пит покажа дека е во извонредна форма и во добро расположение.

Актерот одговори на прашања од новинарите, а меѓу поинтересните е и она на екстра телевизискиот дописник кој го запрашал зошто тој и Лео не снимале филмски проект толку многу години.

Како одговор, Бред се пошегува дека “имал забрана да го срќава Лео во тоа време”. “Во 1994-та имаше инцидент за кој не сакаме да зборуваме”, објасни Пит во истиот духовит стил.

Од премиерата, стана јасно дека Лео добил надомест од 15 милиони долари за неговата улога. Надоместокот бил помал за 5 милиони долари, но според “Холивуд репортер”, ѕвездата исто така ќе добие процент од продажбата на филмот.

“Си беше еднаш во Холивуд” беше претставен во Кан оваа година. Во производството, Тарантино нè враќа во ерата на хипиците. Приказната се одвива во Лос Анџелес. Годината е 1969 година. Улоги имаат повеќе ѕвезди како Марго Роби, Ал Пачино, Дакота Фаннинг.