Бредли Купер и Ирина Шајк се повторно заедно?

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Веста за разделбата на актерот Бредли Купер и моделот Ирина Шајк го обиколи речиси целиот свет во 2019 година, откако тие четири години беа заедно. Оттогаш, имаше многу гласини за причината за љубовниот крах.

Дали Бредли и Ирина се смириле? Тие ниту ги потврдија ниту ги демантираа овие гласини. Бидејќи се гледаат само поради нивната петгодишна ќерка Леа, многумина би рекле дека останале во пријателски односи за нивната наследничка да не се чувствува како да ѝ недостасува ниту еден од родителите.

Од друга страна, од летото годинава тие двајца се толку блиски, што може да се каже дека тоа што не се огласуваат во јавноста всушност значи само едно – повторно се заедно.

Тие летово го поминаа на заеднички одмор каде се сликаа со широки насмевки.

Оттогаш многупати се видени заедно на улиците на Њујорк, каде што и двајцата живеат и заедно ја одгледуваат својата ќерка.

Последната во низата фотографии ја направија папараците кои ги фотографираа двајцата никогаш подобро расположени, држејќи се за рака.

Слични содржини