Ева Лонгорија изгледа повеќе од среќна и здрава, додека таа се шеташе на топол песок на плажата во Мајами. 43-годишната актерка го покрила стомакот со летен фустан со цветни мотиви со широко деколте. Под неа има светол портокалов костим за капење.
Секако, како и секоја дама во нејзината состојба, таа не беше сама, туку во друштво на нејзиниот сопруг – медиумскиот магнат Хозе Бастон. Нејзиниот изглед на плажа беше надополнет со обична, но стилска сламена шапка, големи златни прстени и пар ретро очила за сонце.
Откако се прошетаа по плажите, фатени под рака, двајцата се сместија под еден од чадорите на преполната плажа.
Додека 49-годишниот Бастон веќе има три деца од бившата сопруга, мексиканската актерка Наталија Есперон, за Лонгорија тоа ќе биде нејзино прво. Бебето ќе биде момченце и се очекува во мај.
Лонгорија и Бастон се венчаа во Мексико во 2016 година по врска, која траела три години.